Женската репрезентација на Македонија до 19 години славеше победа над Грузија

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1-0 над репрезентацијата на Грузија во рамките на првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство 2023 година.

Македонија издвојуваше многу битна победа против домаќинот на квалификацискиот турнир. Стрелец на единствениот погодок беше Симона Ребека Маијер во 64. минута.

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир играме против Белорусија на 7. октомври.

Македонија: Берна Кабачки, Едина Сулејмани, Кристина Мојсовска, Миа Головска, Лора Сулејмани, Ера Стеблева, Веса Села, Ајна Исејни, Радица Велкова, Матеа Блажевска, Симона Ребека Мајер;

Се вчитува...