Женската репрезентација на подготовки во Охрид пред настапот во квалификациите за ЕП

Женската сениорска репрезентација на Македонија во Охрид ги стартуваше седумдневните подготовки за квалификациите кои ги очекуваат за пласман ан ЕП.

Селекторот Кирил Изов ја почнува првата етапа од подготовките во текот на годинава, со цел што поподготвени да се дочекаат квалификациите за ЕП кои почнуваат во септември.

„Ова е прв наш собир во новата година. Ќе имаме седумдневни подготовки во насока на градење на тимот кој ќе настапува низ квалификациите. За време на престојот во Охрид ќе одиграме и две меѓусебни пресметки. Во март и во мај, пак, планирани се две пријателски средби“ – вели Изов.

Македонија своите противници во квалификациите ќе ги добие на ждрепката во Швајцарија на 21. февруари.

ФОТО: www.ohridnews.com

Се вчитува...