Женската репрезентација поразена од Албанија (1-3)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби на првиот од двата предвидени пријателски натпревари со селекцијата на Албанија. На дуелот кој се одигра во Либражд, Албанија, избраничките на Кирил Изов беа поразени со 3-1.

Македонија дојде до водство со голот на стружанката Јилза Максути, која прецизно погоди во 12. минута. Албанките резултатот го израмнија во 36. минута преку Гјина, а со головите во 76. и во 81. минута домашните дојдоа до триумфот.

Вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции се игра в недела во Охрид со почеток од 17 часот на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“.

Се вчитува...