Женската репрезентација поразена од Косово на првиот пријателски дуел

Женската репрезентацијата на Македонија загуби од селекцијата на Косово со 1-3, на првиот од двата предвидени пријателски натпревари кои ќе се играат во Скопје.

Голот за Македонија го постигна Максути во 60. минута за намалување на резултатот на 1-2 во тие моменти, но гостинките до крајот постигнаа уште еден гол за конечни 1-3.

На овие тест дуели од страна на селекторот Кирил Изов шанса ќе добијат фудбалерки главна од младата селекција кои сега транзитираат кон сениорскиот тим.

Вториот тест дуел меѓу двете селекции е закажан за 11. април исто така на теренот на ФФМ во Скопје.

Се вчитува...