Женската репрезентација со гол во 90. минута загуби од Замбија

Женската А репрезентација на Македонија се наоѓа во Аланија, Турција каде учествува на меѓународен контролен турнир. Денеска избраничките на Кирил Изов го загубија првиот натпревар против Замбија со минимални 1-0.

Противникот стигна до победата со гол во финишот, во 90. минута од средбата. Голот вреден победа го постигна Чанда. Македонија настапи во состав: Панчурова, Николовска, Недева, Панеска, Талевска, Велеска, Живиќ, Андонова, Максути, Милчевска. Рочи.

На 18. февруари, женската селекција ќе игра против Бугарија, а потоа на 21. февруари завршува турнирот со меч против Естонија.

Се вчитува...