Женската селекција до 17 години ремизираше (2-2) со Романија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Романија. Натпреварот заврши без победник, 2-2.

Низ отворен и интересен натпревар, со пресврти и отворена игра на двете страни, противникот прв поведе со 1-0. Македонските девојки одлично одговорија на водството на противникот и преку Веса Села и Миа Велинова успеаа да направат пресврт и да поведат со 1-2. До крајот на натпреварот, Романија постигна погодок за конечни 2-2.

Првиот натпревар меѓу двете селекции заврши со победа на Романија од 2-1.

Се вчитува...