Женската селекција до 19 години ги почнува подготовките за квалификацискиот турнир во Молдавија

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 3. до 9. април ќе биде учесник на квалификацискиот турнир во втората рунда од Б лигата кој ќе се одржи во Молдавија.

Нашите млади фудбалерки се наоѓаат во Групата 1 и за противници ги добија домаќинот Молдавија, Литванија и Велс. Во воведното коло од квалификацискиот турнир, Македонија игра против Молдавија. Натпреварот на програмата е закажан на 3. април со почеток во 12 часот.

Три дена подоцна силите ќе се одмерат со селекцијата на Литванија, исто така со почеток во 12 часот, а во последното коло, младата македонска женска репрезентација ќе се соочи со Велс, на 9. април, исто така во 12 часот.

Селекторот Астрит Мерко денеска и официјално во 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе ги започне подготовките за квалификацискиот турнир во рамките на втората рунда од Б лигата кој ќе се одржи во Молдавија.

За претстојниот квалификациски турнир, се повикани следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Кристина Павлоска   Шкендија

Натали Талевска   Топ Гол

ОДБРАНА:

Еда Далипи   Ас Јунајтед

Матеа Блажеска   Љуботен

Стефанија Веселинова   Каменица Саса

Слаѓана Ѓорѓиева   Тиверија

Ива Јованоска   Љуботен

Катарина Петкова   Истатов

СРЕДИНА:

Сара Мена   Ас Јунајтед

Симона Меијер   Макаби, Израел

Теодора Далчевска   Ас Јунајтед

Јована Павловска   Тиверија

Ивана Милевска   Топ Гол

Ива Јосифова   Тиверија

Сара Стефановска   Топ Гол

Ана Боризовска   Речица

Сара Дика   Ас Јунајтед

НАПАД:

Веса Села   Ас Јунајтед

Билјана Панеска   Тиверија

Ева Андонова   Каменица Саса

Се вчитува...