Женската селекција ќе одигра два тест дуели со Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со репрезентацијата на Косово, како дел од подготовките за септемврискиот квалификациски старт.

Првиот тест дуел меѓу двете селекции ќе се одигра утре (5. април) во Ѓаково со почеток од 14:30 часот, додека вториот е закажан за 8. април, најверојатно во Приштина.

Двата натпревари се еден вид реванш меѓу двете репрезентации кои одиграа пријателски дуели и во Скопје на кои македонските репрезентативки забележаа реми (0-0) и пораз (0-2).

Македонија во квалификациите за ЕП 2021 е во Групата Г со Франција, Австрија, Србија и Казахстан. Квалификациите ги стартуваме во август оваа година.

Се вчитува...