Женската селекција против Австрија ги почнува квалификациите за ЕП

Македонската женска А репрезентација денеска од 18 часот против Австрија во Виена ги стартува квалификациите во рамки на групата Г од циклусот за пласман на Европско првенство.

Австријките се главниот фаворит во групата за освојување на првото место, па за избраничките на Кирил Изов дуелот во Виена ќе биде повеќе од предизвик за надигрување.

Во Групата Г, покрај Македонија и Австрија, се и репрезентациите на Србија, Франција и Казахстан. Во првиот натпревар од групата Србија славеше против Казахстан со 3-0.

Селекторот на нашата најдобра женска репрезентација, Кирил Изов за дуелот против топ фаворитот во групата ќе смета на следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Рочи (Ассс Јунајтед), Магдалена Лекоска (СЦ Истатов);

Одбрана: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Драгана Колеска (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Јована Ѓорѓиоска (Деспина Прилеп), Симона Крстаноска (Брезница, Црна Гора), Ане Бошеска (Тиверија);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Јана Чубриновска (Деспина-Прилеп),Катерина Милеска (Деспина-Прилеп), Александра Марковска (Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (Тиверија), Јулија Живиќ (Драгон 2014);

Напад: Ели Јаковска (Конакбеледиеспор, Турција), Улза Максути (Асс Јунајтед), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Димоска (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија).

Се вчитува...