Женската сениорска репрезентација ќе одржи камп во Дојран, јуниорките, пак, во Анталија

Селекторот на женската селекција на Македонија, Кирил Изов во периодот од 12. до 19. февруари ќе одржи зимски камп во Спортскиот Центар Истатов во Дојран, со цел подобрување на формата на репрезентативките во пресрет на продолжението од  европските квалификациите за пласман на СП 2023 година.

„По зимската пауза во Првата женска лига, а со цел подобрување на физичката подготовка пред продолжението на европските квалификации за пласман на СП 2023 се одлучивме да направиме еднонеделeн камп во Дојран. Повикани се и неколку млади фудбалерки, кои во иднина се очекува да бидат носители во оваа селекција. За самата сериозност на овој камп кажува и фактот што ќе учестуваат и нашите интернационалки, капитенот Наташа Андонова, Ели Јаковска и Даниела Велеска, додека од друга страна ослободена е само Гентијана Рочи. Очекувам максимален ангажман од сите што ќе бидат дел од овие подготовки“ – вели Изов.

Селекторот Кирил Изов за кампот во Дојран ги повика следните фудбалерки:

Голмани:  Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Катерина Петкова (СЦ Истатов 2015), Даниела Велеска (Риека, Хрватска);

Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Симона Ребека Маијер (Кул Здравје), Елена Петровска (Скопје 2014), Сара Хусеин (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);

Напад: Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Веса Села (Ас Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Ангела Стојковска (Скопје 2014), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ели Јаковска (Митровица, Косово)

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години, пак, на 14. февруари патува за турска Анталија каде што ќе одржи тренинг камп и ќе одигра три контролни средби.

Првиот контролен меч на програмата е на 16. февруари против Белорусија, три дена подоцна ќе одигра втор контролен против Белорусија, а последниот натпревар е закажан за 22. февруари против екипата на Звезда Перм (2005) од Русија.

Селекторот на нашата младата женска селекција, Астрит Мерко за тренинг кампот и подготовките во Анталија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Берна Кабакчи (Берг, Холандија), Јана Луба Зврлевска (Скопје 2014);

Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Ана Милчевска (СЦ Истатов 2015), Викторија Недева (Тиверија), Миа Головска (Скопје 2014), Сара Ефтинџиовска (Деспина), Дајана Ристовска (Асс Јунајтед);

Среден ред: Маја Стојановиќ (Речица), Лилјана Бошнаковска (Скопје 2014), Ера Стеблева (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ангела Зафировска (Шкендија), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед);

Напад: Теа Божиновска (Скопје 2014), Николина Петровска (Топ Гол), Оливера Чоклеска (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Сц Истатов 2015), Еда Далипи (Асс Јунајтед), Ангела Тасеска (Хаммаркулленсбк, Шведска), Ивана Кузмановска (Лондон Сити).

Се вчитува...