Женскиот тенис се соочува со големи финансики проблеми иако конкуренцијата е голема во последните неколку години со што се зголеми и неизвесноста.
Англискиот весник „Телеграф“ пишува дека женската тениска асоцијација (ВТА) во 2026 година има оперативен минус од дури 23 милиони долари, додека располага со ликвидни средства во висина од 15 милиони долари.
Доколку овој негативен финансиски тренд продолжи и идната година, ВТА може да се соочи со сериозен ризик од банкрот.
Финансиските проблеми не ги опфаќаат четирите грендслем турнири во годината ко функционираат како посебни единки.
Интересно е што на турнирите од мастерс серијата 1000 кои се играат во Мајами и Мадрид, наградните фондови за тенисерките се помали во однос на тенисерите поради проценките дека женскиот дел од турнирот носи помала пазарна вредност.
Голем проблем за челниците на ВТА претставува и одлуката завршниот турнир повеќе да не се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, што носеше неколку милиони долари во касата, туку да се пресели во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
