Женскиот тим на Љуботен стана шампион на Македонија

Женскиот тим на Љуботен е шампион на Македонија за оваа сезона. Фудбалерките на овој клуб вчера во последното коло славеа против ЖФК Истатов од Дојран со 3-1 на гостински терен, и така се закитија со титулата.

Сите три гола беа дело на Едите Силва во првиот дел.

За првото место, покрај Љуботен, се бореа и Тиверија и Каменица Саса, но на крајот тетовки први минаа низ целта. ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола, овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз.

Се вчитува...