Жервињо го шокираше Јувентус во судиското продолжение

Италијанскиот првак Јувентус беше на прагот на 20. победа во Серија А оваа сезона, но Парма во последен час стигна до 3-3 во Торино освојувајќи бод. Тимот на Масимилијано Алегри се мачеше, имаше водство и од 3-1 но Жервињо беше кобен за „старата дама“.

Кристијано Роналдо беше двоен стрелец, а во листата се запиша и Даниеле Ругани. Парма се закани преку Барилја, а потоа Жервињо со два гола го шокираше шампионот.

Се вчитува...