Жестока „тепачка“ меѓу два тима во Каталонија – Публиката се придружи на теренот, па делеше клоци и тупаници (ВИДЕО)

Викендот се случи жестока „тепачка“ меѓу два тима во Каталонија, во пониската лига во Шпанија. Бон Пастор и УД Кармело требаше да играат уште само две минути за да го доведат натпреварот до мирен крај, но по масовната тепачка на која се придружи и публиката, мечот беше прекинат пред самиот финиш.

На овој инцидент претходеа два црвени картони, по еден за секој тим, а сето тоа ескалираше откако играчот на Бон Пастор физички нападна еден фудбалер од тимот на ривалот. Следуваше вистински хаос, а фудбалската јавност е згрозена.

 

Се вчитува...