Големата нетрпеливост меѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук повторно е во центарот на вниманието, откако на социјалните мрежи се појави видео од жестока пресметка на аеродромот во Загреб.
Според првичните информации, на аеродромот дошло до физички конфликт меѓу припадници на двете навивачки групи – „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“.
Наводно, навивачите на Динамо чекале на аеродромот група навивачи на Хајдук, кои се враќале од гостувањето во Литванија, каде што сплитскиот клуб одигра европски натпревар. Набргу потоа дошло до жестока пресметка, а на снимката која кружи на социјалните мрежи може да се види како поголем број лица се тепаат на просторот пред аеродромот.
Според првичните информации, во инцидентот има и повредени. На видеото се гледа и едно момче како лежи на земја по пресметката. Полицијата пристигнала на местото на настанот, но според досегашните информации, учесниците во тепачката веќе се разбегале. Засега нема официјални информации за точниот број на учесници и повредени, ниту пак се познати сите околности кои довеле до инцидентот. Се очекуваат дополнителни информации од хрватската полиција за тоа што точно се случувало на загрепскиот аеродром и дали има приведени лица.
— Zentorno10 (@Zentorno1001) August 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
