ЖФК Љуботен доби дозвола да игра на Градскиот стадион во Тетово

Женскиот фудбалски клуб Љуботен доби дозвола за настап на Градскиот стадион во Тетово.

Клубот со соопштение ја објави оваа вест и ги повика сите навивачи да дојдат да го поддржат клубот во дерби натпреварот против Тиверија.

„Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК Љуботен да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово! Па така дерби натпреварот од 10. коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота со почеток во 13.00 часот на Градскиот стадион во Тетово! Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!“, се вели во соопштението на ЖФК Љуботен.

Се вчитува...