Жилавиот Лече не успеа да се спаси, Интер до победа во последните секунди (ВИДЕО)

Супер-возбудлива сезона најави стартот на Серија А, Интер во последните секунди успеа да дојде до сите три бода по дуелот со жилавиот Лече во рамки на првото коло од италијанската лига, (1-2).

Ромелу Лукаку го отвори натпреварот уште во 2. минута, успевајќи да биде прецизен и да донесе рано водство од 0-1. Гостите до крајот на полувремето постојано ја контролираа играта и напаѓаа високо на противничкиот шеснаесетник, но без реализација, на пазуа се замина со минимална предност.

Асан Сисај во стилот на Ромелу го отовори почетокот од вториот дел, изедначи на 1-1, постигнувајќи гол во 48. минута.  До крајот на мечот Интер се обидуваше на секој можен начин да постигне гол за победа, а во тоа успеа буквално во последните секунди благодарение на прецизниот Дензел Дамфрис (1-2).

По првиот меч, Интер се закити со три бода, Лече остана со празни раце.

Се вчитува...