Жилавиот Сасуоло му украде бод на Интер

Сасуоло успеа да остане непоразен на „Џузепе Меаца“ играјќи 3-3 против фаворизираниот Интер. Гостите не се предадоа до самиот крај и стигнаа до заслужен бод во голеадата во Милано. Сега Интер застанува осум бода зад Јувентус и речиси сигурно отпаѓа од трката за шампионската титула.

Сасуоло поведе во четвртата минута со голот на Капуто, но Интер дојде до пресврт со голот од пенал на Лукаку во 41.минута и погодокот на Бираги во 45.минута.

Галјардини промаши од невозможна ситуација на почетокот на вториот дел, а во завршницата дури три гола. Берарди од пенал израмни на 2-2 во 81.минута, Борха Валеро повторно донесе предност за Интер во 86.минута, но Џанџакомо Мањини се погрижи за ново израмнување три минути подоцна. На крајот, Интер остана и со играч помалку поради исклучувањето на Шкрињиар.

Се вчитува...