Жиру е бесен, сака да си оди од Челси

Оливие Жиру е бесен на Френк Лампард и ќе инсистира да му биде дозволено да си замине во јануарскиот преоден рок, за да си ги зголеми шансите за настап за Франција на ЕВРО 2021. Францускиот голгетер минатата сезона беше пред истек на договорот, но откако доби шанса како стартер на неколку средби во низа тој реши да ги одбие бројните понуди и да потпише нов договор со Челси.

Сепак, ситуацијата сезонава се промени, Лампард најчесто игра со Тимо Вернер како класичен напаѓач, а Абрахам како резервна опција. Жиру има севкупно 33 минути во Премиер-лигата, разочарувачка бројка поради која 34-годишниот ветеран е решен да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Селекторот Дешамп засега му дава поддршка на Жиру, но асот на Челси е свесен дека доколку остане закован за клупата цела сезона, тоа ќе влијае и врз неговиот репрезентативен статус. Затоа, неговиот агент веќе почнал да ги контактира клубовите што го бараа минатото лето, во обид да постигне договор.

Се вчитува...