Животот пишува романи – Објави видео и доби професионален договор (ВИДЕО)

Неверојатна приказна ни доаѓа од Оукленд каде еден љубител на бејзбол доби професионален договор откако објави видео на социјалните мрежи.

Имено, Нејт Питерсон со својот брат отишол на натпревар на Колорадо Рокис, а во време на пауза одлучил самиот да се проба да фрли некоја топка на полигонот поставен за навивачите. Питерсон фрлил една топка со брзина од 154 километри, а сето тоа го снимал неговиот брат, а видеото било поставено на социјалните мрежи.

Две седмици подоцна Питерсон бил повикан, а набрзо и потпишал професионален договор со екипата на Оукленд Атлетикс.

 

 

 

Се вчитува...