Животот понекогаш не е фер: Фудбалер на Салцбург ги надмина Меси и Роналдо, но никогаш не доби награда

Џонатан Соријано имаше сезона во која беше далеку подобар во однос на Кристијано Роналдо или Лионел Меси, но никогаш досега нема освоено награда за тој подвиг.

Златната копачка се доделува на најдобрите европски стрелци. Соријано имаше неверојатни бројки додека играше за Салцбург, но австриската лига немаше поголема моќ од шпанската Ла Лига или од другите пет лиги, па му беше одземено признанието што можеби и го заслужуваше.

За шест години, тој постигна 172 голови во Австрија. Тој својата кариера ја започна во Еспањол, но никогаш не ја доби вистинската можност во неговиот матичен клуб. Потоа играше кратко во Барселона, а играјќи за резервите на „Каталонците“ беше најдобар стрелец со 32 погодоци.

„Разбирам дека австриската лига не е на ниво на Шпанија, Англија, Германија … но кој го разбира фудбалот знае дека не е лесно да се постигнуваат голови било каде и да играш“, рече тогаш Соријано.

Се вчитува...