„Жолтата подморница“ во финишот го потопи Алавес

Виљареал со 5-2 го совлада составот на Алавес во првиот од двата денешни натпревари во Ла Лига. Виљареал имаше проблеми се до 76. минута кога Алавес беше блиску до бод, а во финишот со три гола целосно го „дотолчи“ противникот.

Морено и Диа донесоа брзо водство на Виљареал, а во 44. минута Понс намали. Хозелу во 65. минута израмни, а Диа во 76. минута донесе ново водство. Пино во 79. минута донесе предност од 4-2, и на крајот Морено на две минути пред крајот стави печат на победата.

 

Се вчитува...