Ливерпул стигна до третата победа во низа во Премиерлигата откако во 24. коло славеше на домашен терен против Лестер со 2-0. Херојот на „црвените“ беше Диого Жота кој два пати ја тресеше мрежата на Шмајхел во 34. и 87. минута.
Деби во дресот на Ливерпул во „елитата“ на англискиот фудбал имаше и Луиз Диаз, но и покрај тоа што имаше добри шанси да постигне гол, Колумбиецот не успеа во своите намери.
Двата гола на Жота можете да ги видите ТУКА и ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА