Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров се првите финалистки на завршниот турнир кој се игра во салата „Парк“ во Струмица во Купот на Македонија откако денеска ја оправдаа фаворитската улога против Пелистер славејќи со убедливи 37-15.
Ѓорчепетровки тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и во ниту еден момент не им дозволија на младите битолчанки да се понадевааат дека можат да стигнат до поволен резултат.
Во второто полуфинале вечерва од 20 часот во Струмица ќе се сретнат Спартак и Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
