ЖРК Ѓорче Петров ја одбрани титулта во женската Суперлига!

Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија титулата и петта година по ред се искачија на шампионскиот трон во македонскиот шампионат. Популарните „Лавици“ математички го заверија новиот пехар по убедливиот триумф на гостувањето кај Астибо со високи 46-24.

Со оваа победа Ѓорче Петров стигна до недостижни 47 бодови на врвот на табелата. Нивниот најблизок конкурент Чаир заостанува со 40 бодови и натпревар помалку на три кола пред крајот. Со оглед на тоа што лидерот до крајот ќе добие и службени бодови од откажаната средба со Металург Автокоманда, трката за првото место е официјално затворена.

Ова е вкупно 22. шампионска титула во клупската историја за поранешниот европски шампион, со што тимот уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во домашниот ракомет.

 

Се вчитува...