ЖРК Ѓорче Петров со драматична победа над Спартак до трофејот во Купот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарките на Ѓорче Петров повторно се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето во Струмица во драматична завршница го победија тимот на Спартак со 33-30.

Дуелот беше решен на крајот на натпреварот, кога решаваа детали, а поприсебни беа освојувачките на Купот и актуелни шампионки, со што дојдоа до нов трофеј во Купот на Македонија.

Откако до крајот на мечот беше многу неизвесно, Ѓорче Петров имаше се под своја контрола пред самиот крај кога водеше со 28-22. Но, така не мислеа ракометарките на Спартак кои ја ситнгаа разликата, намалија на 30-29, и така влезе мечот во драма. На 31-30, Спартак имаше шанса да израмни, но не успеа да реализира, а на другата страна Ѓорче Петров успеа да да стигне и до +2, а потоа и до +3 за конечен триумф.

Се вчитува...