ЖРК Металург поради неисплатени плати нема да игра со Чаир

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција, ЖРК Металург поради неисплатени плати нема да го одигра денешниот натпревар против ЖРК Чаир во плеј-офот од ракометната Суперлигата.

Претседателката на клубот Зорица Блажевска ја потврди оваа информација, велејќи дека поради тешката реализација на ваучерите, нејзините ракометарки во моментов се без плата.

„ЖРК Металург денес нема да го одигра натпреварот со Жрк Чаир, поради неисплатени плати. Тешко оди со реализација на ваучер овој период, барем нас, сите оставаат за крај на година. Се надевавме дека ќе си го исполни ветеното владата и директно ќе исплаќа на сметка на Клубови, како што вети министерот за финансии. На две кола до крај и Купот, за жал ќе мора да ги разберам девојките и да ја прифатам нивната одлуга за штрајк“, вели претседателката на ЖРК Металург Зорица Блажевска.

Се вчитува...