ЖРК Вардар ја одбрани титулата

Ракометарките на ЖРК Вардар ја потврдија својата надмоќ на домашната сцена, триумфирајќи на големото дерби против Металург со 17-47 во салата „Автокоманда“. Воедно, „вардарки“ со оваа победа ја осигураа титулата бидејќи на седум кола до крајот имаат недостижни 22 бода предност во однос на второпласираниот Металург.

Овој меч до пред неколку години важеше за најнеизвесен во македонскиот женски ракомет, но овојпат „вардарки“ работата ја завршија уште во првото полувреме, поведувајќи со 5-22. Предноста растеше се до конечните „плус 30“, за заверка на новиот шампионски трофеј во витрините на „црвено-црните“.

Сара Ристовска постигна 12 погодоци, еден повеќе од Саздовска, а треба да се истакне дека „вардарки“ на овој натпревар настапија без Лекиќ, Радичевиќ и Пенезиќ.

Се вчитува...