Шансите на Реал Мадрид во трката за титулата во Ла Лига се зголемија откако Барселона вчера загуби на домашен терен од Гранада со 1-2, резултат со кој каталонскиот гигант пропушти идеална можност да се искачи на врвот на табелата. Сега Реал и Барса се на делба на второто место со два бода заостанување зад водечкиот Атлетико Мадрид, а Зидан е оптимист дека „кралевите“ ќе бидат најуспешен тим во завршницата од сезоната и ќе се искачат на врвот на шпанскиот фудбал.
„Што се случило со Барса? Искрено, јас не се радувам на поразите на ривалите, ме интересира само нашата игра и нашите резултати. Треба да бидеме најдобри во она што самите можеме да го контролираме, а тоа се нашите изданија на теренот. Мораме да играме се подобро, да ги освоиме трите бода на наредниот натпревар, потоа на наредниот и така до крајот на сезоната“, изјави Зидан.
„Кралевите“ утре ја пречекуваат Осасуна, а добра вест за Зидан е враќањето на капитенот Серхио Рамос.
„Серхио тренираше со нас, може да игра. Тоа е одлична вест“, прокоментира стратегот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА