Зидан ги враќа Себалјос и Одегард на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид ја освои шампионската титула во Ла Лига, но тренерот Зинедин Зидан нема да троши премногу на засилувања во овој летен преоден рок. Ќе се обиде да се ослободи од Хамес Родригез, Герет Бејл, најверојатно ќе заминат и Лукас Васкес, Начо, Брахим Дијаз, а составот ќе биде освежен со фудбалери кои изминатата сезона ја минаа на позајмица.

Зидан одлучи да го реновира средниот ред со двајца фудбалери кои имаа одлични настапи како позајмени фудбалери во Арсенал и во Реал Сосиедад. Дани Себалјос и Мартин Одегард треба да се вратат на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе добијат шанса да се докажат во тимот на Реал Мадрид следната сезона. Себалјос беше еден од најистакнатите фудбалери на Арсенал по рестартот на Премиер-лигата, а и Одегард одигра одлично во дресот на Реал Сосиедад. Тоа му дава за право на Зидан да верува дека тие би можеле да се наметнат и во „кралскиот клуб“ следната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...