Зидан: Не сме се уште шампиони, ќе треба тоа да го заслужиме

Реал Мадрид е на прагот да ја освои шампионската титула во Шпанија по цели пет години и затоа тренерот Зинедин Зидан и фудбалерите се максимално фокусирани на овој предизвик. „Кралевите“ утревечер во Виго го играат заостанатиот меч против Селта, а викендов ќе и гостуваат на Малага во последното коло. Со две победи, или евентуално една победа и едно реми, Реал Мадрид би стигнал до шампионскиот трофеј.

„Многу е едноставно. Ни останаа уште два натпревари во лигата. Јас велам, играме две финалиња пред финалето во Лигата на шампионите. Максимално сме мотивирани, тимот е во одлична форма и посакуваме две победи. Размислуваме позитивно, и едвај чекаме да стартува утрешниот меч против Селта. Не сме се уште шампиони, ќе треба тоа да го заслужиме во следните два натпревари“, изјави Зинедин Зидан на денешната прес – конференција, во пресрет на гостувањето во Виго.

Се вчитува...