Зидан остави две „ѕвезди“ дома, казнетиот Рамос патува за Манчестер

Реал Мадрид ќе патува за Манчестер како голем аутсајдер, во „невозможна мисија“ да ја надополни негативата од 1-2 по поразот на домашен терен во првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите.

„Кралевите“ дефинитивно нема да се предадат без борба, а тренерот Зинедин Зидан јасно стави до знаење на кои играчи не смета, оставајќи дома две големи „ѕвезди“ на Реал, Герет Бејл и Хамес Родригез. Бејл веќе подолго време е во војна со управата и со тренерот на Реал, не се залага на тренинзите, па Зизу реши дека тој воопшто не треба да патува за Англија. Заедно со него во Мадрид ќе остане и Хамес Родригез, кој се наоѓа пред потпис со Атлетико.

Стручниот штаб на Реал одлучи со тимот да патува и капитенот Серхио Рамос, кој е суспендиран и нема да може да настапи во Манчестер, но сепак ќе замине за Англија за да им даде морална поддршка на соиграчите.

Се вчитува...