Зидан повторно во проблеми поради Азар – Белгиецот нема среќа сезонава

Реал Мадрид ја освои титулата во Ла лига и сега се насочува кон реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Првиот натпревар кој се играше на „Сантијаго Бернабеу“ пред паузата предизвикана од коронавирусот  англискиот тим го доби со 1-2, па „кралевите“ ќе имаат тешка задача да успеат на гостински терен да изборат пласман меѓу осумте најдобри.

Да биде маката поголема, покрај тоа што Зинедин Зидан нема да може да смета на капитенот Серхио Рамос, тој најверојатно повторно во тимот нема да го има Еден Азар. Белгискиот фудбалер има проблеми со глуждот и не е 100 отсто подготвен, што за жал по „кралевите“ тоа беше случај во поголемиот дел од сезоната. Азар правеше операција на глуждот, но се уште не е максимално подготвен да одоговори на предизвиците кои ги носи Лигата на шампионите.

Сепак, Зидан не се откажува и се уште не сака да донесе конечна одлука, па ќе чека до самиот крај да види дали ќе може да го вметне Азар во стартната постава. Возвратниот натпревар ќе се игра на „Етихад“ во петок.

Се вчитува...