Зидан: Реал Мадрид не планира, туку излегува на терен за да победи

Реал Мадрид обезбеди предност на „Алијанц арена“, совладувајќи го Баерн Минхен со 1-2 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо во второто полувреме донесе пресврт за „кралевите“, но тренерот Зинедин Зидан вели дека пресметката ниту од далеку не е завршена.

„Среќни сме со победата и нашето издание, во Минхен никој не може да победи на лесен начин. Но, далеку од тоа дека двомечот е решен. Има уште 90 минути во Мадрид и треба да ги одиграме исто така на врвно ниво, затоа што за ривал имаме врвен европски клуб. Ние воопшто не калкулираме или прогнозираме, Реал Мадрид на секој натпревар излегува на теренот за да победи. Така ќе биде и на „Сантијаго Бернабеу“ против Баерн Минхен на реваншот, но и претходно, против Спортинг Хихон во домашното првенство“, вели тренерот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...