Зидан: Сакам најдобрите да играат во Ла лига, за фудбалот е лошо Меси да замине

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека би било катастрофа за шпанското првенство доколку Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година, а шпекулациите за такво нешто се, се поголеми.

„Не знам што ќе се случи. Се надевам дека Лео нема да се одлучи за такво нешто. Јас како тренер на Реал Мадрид имам желба најдобрите фудбалери да играат во Ла лига, бидејќи така и ние сме посилни. Се надевам дека Лео ќе остане во Барселона“, изјави Зидан. 

Реал Мадрид со синоќешната победа над Хетафе со минимални 1-0 му побегна на големиот ривал на четири бода на првенствената табела, а до крајот на шампионатот има да се играат уште пет кола.

Се вчитува...