Зидан: Сите се обидуваат да ме скараат со Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан налутено одговори на едно новинарско прашање кое беше поврзано со Герет Бејл. Французинот беше запрашан во врска со „чудното однесување“ на Велшанецот и дали е тоа така поради слабата минутажа која ја добива во тимот. Зидан неочекувано застана во одбрана на Бејл.

„Знам што работите. Се обидувате да направите раздор меѓу мене и Бејл, но тоа нема да ви успее. Герет е дел од Реал, тој е дел од нашето семејство. Се обидувате да не скарате, но тоа нема да ви тргне од рака. Ние сме обединети, сите мислиме исто, сите имаме иста цел“, изјави Зидан. 

Реал Мадрид вечерва има шанси да ја завери 34. титула во Ла лига, откако на домашен терен го пречекува Вилјареал.

Се вчитува...