Зидан: Ситуацијата со Азар во најмала рака е компликувана

Реал Мадрид е на чекор од 34. титула во Ла лига, а на тој пат фудбалерите немаа голема помош од Еден Азар кој минатото лето стигна на „Сантијаго Бернабеу“ како најзвучно засилување. Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, вели дека ситуацијата со Белгијанецот во најмала рака е компликувана.

„Било кој фудбалер мора да биде во многу многу добра форма, за да може да игра, а Азар не е потполно океј. Ситуацијата во најмала рака е компликувана, но се надевам дека ќе биде 100 отсто подготвен за натпреварот во четврток против Вилјареал и дека ќе му помогне на тимот. Тој тоа го сака“, изјави Зидан. 

Азар сезонава за Реал Мадрид запиша само 15 натпревари на кои постигна еден гол, премалку за големиот ас платен 100 милиони евра минатото лето.

Се вчитува...