Зидан со критики за Модриќ: Тој е виновен за поразот

Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, останувајќи без натпреварот за трофеј со Барселона.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан го издвои виновникот за поразот. Пред еден месец го потенцираше Лука Модриќ како „ебено фантастичен“ откако беше клучна алка за победите против Севилја, Менхенгладбах и Атлетик Билбао, но сега доби жестоки критики.

„Мораше да ја промениме тактиката со која почнавме затоа што не бевме задоволни од Лука. Не одговори соодветно на поставеноста, и мораше да менуваме“ – истакна Зидан по натпреварот.

Модриќ беше заменет во 67. минута од натпреварот.

Се вчитува...