Зимскиот „распуст“ доаѓа и во Премиер – лигата

По една година преговори, челниците на ФА, Премиер -лигата и лигите од понизок ранг во Англија конечно најдоа решение, па така најатрактивната фудбалска лига во светот во блиска иднина ќе има и зимски распуст.

Раководствата се одлучија да го искористат месецот февруари како период за одмор, фудбалерите ќе паузираат околу петнаесетина дена, а сето ова ќе започне од сезоната 2019/2020. Ова решение се однесува само за Премиер – лигата, Чемпионшип, или Втората англиска лига, како и останати пониско рангирани лиги ќе продолжат со своите натпревари, додека ќе се укинат реванш мечевите од петтата рунда во ФА купот.

Зимската пауза веќе долго време  се користи во останатите елитни лиги од Европа, додека за време на божиќните празници во Англија се игра фудбал речиси двојно. Токму затоа од избраа и месецот февруари, со цел да не се прекине фудбалското „лудило“. Федерациите сметаат дека на овој начин ќе им овозможи на репрезентативците на Англија да бидат во што подобра форма, но, пред се добро одморени во пресрет на Европското првенство 2020, како и за идните европски и светски првенства.

 

Се вчитува...