Зинченко во солзи: „Нема предавање народе украински, радо ќе умреме сите“

Олександр Зинченко се уште е еден од најгласните и најдиректни украински спортисти околу нападите кон Владимир Путин и Русија поради инвазијата на оваа земја кон Украина. Тој во интервју со солзи во очите говореше за ситуацијата во неговата родна земја.

Асот на Манчестер сити вели дека неговиот народ е горд и народ и дека радо сите ќе умрат, но никогаш нема да и се предадат на Русија.

„Плачам, цело време плачам, верувајте ми. Мина повеќе од една недела, а јас можам да се расплачам и возејќи се кон трнеинг центарот, така одеднаш, бидејќи во главата ми е хаос. Замислите вашето родно место да е срамнето со земјата. Јас сум горд Украинец и таков ќе останам до крајот на животот. Го знам менталитетот на својот народ, а тоа е дека попрво би умреле отколку да се предадат“

Интервјуто на Зинченко за „Би-би-си“ можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...