Зинедин Зидан го „пикираше“ новиот Серхио Рамос

Зинедин Зидан е заинтересиран за услугите на стоперот на Ред Бул Лајпциг, Дајот Упамекано кој треба да биде долгорочна замена за капитенот Серхио Рамос. Дефанзивецот на бундеслигашот е еден од најбараните фудбалери во Европа, а тренерот на Реал Мадрид е подготвен за издвои богатство за 21-годишниот фудбалер.

Иако најавите беа дека „кралевите“ нема ништо да купуваат овој преоден рок, сепак очајната партија на Рафаел Варан во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити го натера Зидан да тргне во борба за потписот на Дајот Упамекано.

Упамекано годинава го продолжи договорот со Лајпциг до 2023 година, а неговата откупна клаузула е 55 милиони евра.

Се вчитува...