Зивчевиќ веднаш си замина од Ал Дафра

Ненад Зивчевиќ експресно ја заврши својата авантура во Обединетите Арапски Емирати откако го напушти тимот на Ал Дафра пред самиот почеток на сезоната. Крилниот кошаркар имаше загарантиран договор со клубот, но неколкуте неисполнети ветувања во првиот месец од престојот во Абу Даби пресудија тој предвреме да си замине.

Официјалниот дел од сезоната не е ниту стартуван, одигравме само неколку натпревари од еден регионален куп. Како еден од двајцата дозволени странци во клубот имав договор што беше загарантиран, но го раскинав на мое барање и се вратив во Скопје. Имаше неколку ситуации во кои не беше испочитувано она што се договоривме, не би навлегувал во детали, таа приказна сега е завршена“ – изјави Зивчевиќ.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје и Работнички во последните години настапува во далечни земји. Пред Ал Дафра тој го носеше дресот на Александрија во Египет, претходно беше дел од Ал Ахли во Катар, Ал Хочеима во Мароко…

Се вчитува...