Златко Далиќ донесе одлука за својата иднина

Златко Далиќ конечно донесе одлука за својата иднина. Како што дознава „24сата“, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. И покрај интересот од Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ кон крајот на овој месец (или почетокот на следниот) ќе отпатува за Дубаи за да потпише повеќегодишен договор со ОАЕ.

Финансиите исто така играат важна улога во одлуката за преселба во Емиратите, а Далиќ би можел да заработува и до пет милиони евра годишно.

Најуспешниот тренер во историјата на „коцкестите“ направи кратка пауза по Светското првенство и во консултација со семејството да одлучи да ја продолжи кариерата. Далиќ во повеќе наврати изјави дека во оваа фаза од животот повеќе не е заинтересиран за клупски ангажмани, туку исклучиво за водење репрезентации. По деветгодишниот пат со Хрватска, дојде време за нови предизвици.

Хрватскиот тренер веќе постигна усмен договор со претседателот на фудбалската федерација на ОАЕ, шеикот Хамдан бин Мубарак Ал Нахјан, кој е импресиониран од се што постигна Далиќ.

Иако точниот датум на заминувањето на Далиќ на Блискиот Исток се уште не е познат, тој ќе ги предводи Обединетите Арапски Емирати на Купот на Заливот, што кон крајот на септември ќе се одржи во Саудиска Арабија. Далиќ ќе дебитира на 24 септември против Јемен во Џеда, каде што во групната фаза ќе се соочи и со Бахреин и Катар.

Се вчитува...