Златко Далиќ, нов селектор на Хрватска?!

Златко Далиќ е изборот на раководството на Хрватскиот Фудбалски Сојуз за нов селектор на „коцкестите“, откако на итен состанок синоќа беше донесена одлука за разделба од досегашниот кормилар Анте Чачиќ. Иако хрватската јавност очекуваше позвучно име, претседателот Шукер и неговите најблиски соработници за нов предводник на националниот тим го избраа Далиќ, кој ќе го води тимот на клучниот натпревар на овој квалификациски циклус, на гостински терен против Украина.

Станува збор за поранешен фудбалер на Вележ, Вартекс и Хајдук, кој последните годидни од тренерската кариера ги минува во Саудиска Арабија (Ал Хилал) и во Обединетите Арапски Емирати (Ал Аин).

Како што јавува весникот „24 Сата“, во игра за селектор бил и тренерот на Ријека, Матијаж Кек, а откако тој ја одбил понудата на Шукер бил постигнат договор со Далиќ.

Новиот селектор ќе има тешка задача да стигне до победа во Украина, бидејќи постои опасност Хрватска и со реми да не оди во бараж, како најслаба од второпласираните селекции. Згора на тоа, Делиќ за клучниот натпревар нема да може да смета на уште двајца стандардни првотимци, и тоа Брозовиќ и Манџукиќ.

Се вчитува...