Златни медали во кати за Дејан и Јадранка Недеви на Европското првенство во Романија

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев освои златен медал во кати на Европското првенство во традиционално карате кое се одржува во Питешти, Романија.

За Недев ова е седма европска титула во неговата долга и богата кариера. Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите.

Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Натпреварите се се уште во тек. Треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори. На Европското првенство во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.

Се вчитува...