Знаменосецот Јада последен низ целта во Пјонгчанг

Ставре Јада имаше слаб настап во дисциплината „спринт“ во нордиско скијање, откако првиот македонски претставник на ЗОИ во Пјонгчанг мина последен низ целта на денешните квалификации.

Од вкупно 80 натпреварувачи Јада, кој беше и македонски знаменосец на отворањето на овие Игри, се најде на 79. место, а зад него во конечниот пласман е единствено Кинезот Сун Чингаи, кој беше дисквалификуван.

Ставре Јада ја мина делницата за време од 4:23,85 минути, повеќе од минута и дваесет секунди послабо време од најдобриот во денешните квалификации, Ристомати Хакола од Финска.

Се вчитува...