ЗОИ: Тодоровска на 85. место од 90 олимпијки на 10 километри крос-кантри (ФОТО)

Најдобрата македонска нордиска скијачка, Викторија Тодоровска се пласираше на 85. место од вкупно 90 олимпијки кои ја завршија трката на 10 километри крос-кантри на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг.

Тодоровска патеката од 10 километри ја мина со време од 32:57.6 минути, што беше за 7 минути и 57 секунди послабо од победничкото. Зад македонската олимпијка трката ја завршија Турчинката Думан, Аргентинката Домингез, Црногорката Булатовиќ, Јонг Гум од С. Кореја и Чилеанката Салцедо.

Трката на 10 километри е единствената дисциплина во која Тодоровска беше пријавена на ЗОИ 2018.

Златниот медал го освои Норвежанката Рагхнилд Хага со време од 25:00.5 минути, пред Швеѓанката Шарлот Кала (25:20.8) и Норвежанката Марит Бјорген (25:32.4).

Се вчитува...