Зошто од списокот за стипендии за млади спортски надежи е отстранет државниот рекордер Ѓуретановиќ?

Зошто од последниот список за стипендии за млади спортски надежи доставен до Агенцијата за млади и спорт од страна на Пливачката федерација е изоставен Никола Ѓуретановиќ, еден од најперспективните македонски пливачи кој на последното државно првенство бил прогласен за најдобар пливач во категорија на постари пионери и во категорија на кадети, соборувајќи го државниот рекорд на 800 метри слободно со време подобро за речиси седум секунди од стариот рекорд!?

Од неговиот пливачки клуб и од неговото семејство се прашуваат како може на списокот на федерацијата може да го нема сопственикот на уште три други државни рекорди.

„Каква порака до младите таленти испраќа со оваа неправда претседателот на федерацијата Александар Маленко? Дали сака да им каже, немојте да тренирате, немојте да спортувате, немојте да победувате, немојте да рушите рекорди, затоа што на крај јас ќе бидам тој што ќе носи одлуки и што ќе ви ја одредува иднината!? Спортистите се челичат со тренинзи и натпревари. Нашите се челичат со неправди, па дојде ред и на нашиот Никола. Од само нему познати причини, актуелниот претседател на Пливачката федерација Алескандар Маленко, го изостави нашиот син Никола Ѓуретановиќ од списокот до Агенцијата за млади и спорт за стипендии на млади надежи. Никола, кој само на последното летно државно првенство беше прогласен за најдобар пливач во категорија на постари пионери и во категорија на кадети и кој на истото собори државен рекорд на 800 метри-слободно со време подобро за полни 7 (со букви седум) секунди од стариот. Инаку, како куриозитет, сопственик е на уште три државни рекорди. Нема да влегувам во патетики, но оваа неправда нека стои тука и нека трепка а институциите нека се замислат и почнат да водат грижа за тоа како работат челниците кои го водат во амбис пливањето последниве петнаесетина години“ – се вели во реакцијата до нашата редакција од семејството на Ѓуретановиќ.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum