Зрела, борбена… мундијалска Македонија (фотогалерија)

Македонија повторно ќе биде дел од избраното друштво во светскиот ракомет, редовни учесници на големите натпреварувања сме уште од ЕП 2012 во Србија, низа што ќе ја продолжиме и следниот јануари во Германија.

Словачка не беше ривал од наш ранг, тоа се виде по петнаесетина минути игра на првиот меч во Прешов, убедливите победи на двата меча се и повеќе од заслужени, но покрај изгледот на семафорот, уште повеќе радува покажаниот карактер на сите ракометари во црвено-жолто.

Дека сме поквалитетни, знаевме и пред почетокот, но покажаната зрелост, контрола на темпото и на резултатот од прватадо последната минута… какои борбеноста, фрлањето по топка и при двоцифрена предност кога победникот беше решен… сето тоа е доказ за растот на македонската репрезентација како колективен квалитет, нешто што сигурно ќе ни биде од огромна помош при јануарските мундијалски предизвици.

 

Се вчитува...