Флорентино Перез и Жозе Мурињо завршија со шопингот на Реал Мадрид летово откако „кралевите“ се решија да не се активираат на пазарот во потрага по нов фудбалер за врска.
Родри беше голема желба на тренерот Мурињо, но откако шпанскиот ас се премисли и ја избра Барселона за следна дестинација во кариерата, „кралевите“ за моменто го насочија вниманието кон Зубименди од Арсенал, играч што го бараа и минатото лето додека настапуваше за Реал Сосиедад.
Сепак, цената од 80 милиони евра што ја одредија „топчиите“ го олади интересот на шпанскиот гигант. Флорентино Перез јасно стави до знаење дека нема намера да издвои такво богатство за Зубименди, воедно и порачувајќи дека Реал заврши со засилувањата за овој преоден рок.
Како што пишува мадридски „Ас“, ставот на „кралевите“ е дека на пазарот нема фудбалери што би го направиле средниот ред на Реал посилен од она што е во моментов, па Флорентино и Мурињо наместо да продолжат со шопинг, решиле да ги прекинат преговорите за продажба на Чуамени и на Камавинга, давајќи им нова шанса на француските репрезентативци да се докажат во дресот на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
